Тројца мртви и 12 ранети во терористички напад во Стразбур


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во вооружен напад во близина на Божиќниот пазар во францускиот град Стразбур беа убиени три лица, а ранети 1.

Франс прес јавува дека напаѓачот е идентификуван како Шериф Чекат и дека има 29 години. Фигаро ја потврдува информацијата и додава дека станува збор за маж роден во Стразбур. Тој, според француските медиуми, бил на листата на терористи кои ги следи полицијата.

Утринава полицијата во стандардна процедура ја пребарала неговата куќа, а тој избегал при нејзиното пристигнување. Во куќата биле најдени експлозивни средства. Напаѓачот бил на листата од 26.000 лица кои се проценуваат како безбедносен ризик, а се верува дека околу 10.000 од нив се радикализирани, јавува Ројтерс.

Локалниот весник Дарние новел далсас јавува дека напаѓачот во 2011 година бил осуден на две години поради оружен напад.

Франс прес јавува дека истрагата на нападот ја презела антитерористичка единица. Од канцеларијата на јавниот обвинител соопштија дека истрагата е почната и дека случајот се води како терористички напад, пренесува Асошиејтед прес.

Агенциите ДПА и Франс прес јавуваат дека војската пукала во напаѓачот и дека тој возвратил, при што наводно бил ранет.

Фигаро, повикувајќи се на неименуван извор, јавува дека полицијата го опколила напаѓачот.