Ципрас на Фејсбук ја откри „Вистината за Преспанскиот договор“ (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, преку неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави видеообраќање до граѓаните на Грција преку кое порачува дека мора да се дознае вистината и е крајно време да се дознаат фактите за Преспанскиот договор.

„Со Преспанскиот договор ја штитиме нашата покраина Македонија. Го надминуваме стравот и инерцијата , со гордост и отвораме пат кон мир и економски раст“, наведува Ципрас во пораката наречена „Вистина за Преспанскиот договор”.

Договорот, вели Ципрас е камен темелник за пријателство на балканскиот регион, соработка и братство на народите.

„Нашите соседи го разликуваат својот идентитет, признавајќи дека нивниот јазик е славенски и дека културата на ниту еден начин не им е поврзана со древното грчко наследство. Преку Преспанскиот договор признаваме државјанство, а не етнички групи. Ќе нема иредентистички алузии во нивните учебници. Тие ги менуваат имињата на спомениците , на инфраструктурата и на јавните простори“, рече Ципрас .

Видео пораката, во траење од 107 секунди ги опфаќа и снимките од потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици на 17 јуни минатата година, како и делови од говорот на Ципрас во концертната сала во Атина по повод Преспанскиот договор.