Утка на Силјановска: „Почитувани кавадарчани“ – среде Неготино


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, вчерашното обраќање пред граѓаните на Неготино го почна со гаф, обраќајќи им се со „почитувани кавадарчани“.

Силјановска се поправи откако некој од публиката и довикна и ја потсети каде се наоѓа. По негодувањата во публиката, посебно поради фактот што Неготино и Кавадарци се вечни ривали и меѓусебните споредби им се болна точка со векови, Силјановска се извини, се насмевна и се поправи со зборовите: „Најпочитувани неготинчани“.

Ненамерната грешка беше доволен мотив да тргне лавината од шеги и коментари на социјалните мрежи. И додека дел од јавноста тврди дека секому може да му се случи гаф, па дури и родители ги помешуваат имињата на децата, голем е делот на неготинчани кои сметаат дека таква грешка професорката не смеела да си дозволи, посебно ако се земе во предвид тоа што тие се преосетливи на темата за која секогаш имало досетки, шеги, но и сериозни препукувања помеѓу жителите на Неготино и Кавадарци.