Вардарци на прием и кај претседателот Пендаровски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во нивната денешна агенда на посети и средби со државниот политички врв, освен приемот кај премиерот Зоран Заев и средбата со градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, ракометните херои од европскиот шампион Вардар беа на прием и кај претседателот Стево Пендаровски.

Откако прво имаа прием кај премиерот Зоран Заев и беше објавено дека ќе добијат премија од 500.000 евра од Владата како и уште 100.000 евра од Агенцијата за млади и спорт ракометарите се сретнаа и со неодамна избраниот претседател на државата Стево Пендаровски.

Претседателот на својот Фејсбук профил објави фотографии од пречекот на европските шампиони и искажа голема радост поради успехот.