Вчерашното невреме направи хаос и пустош во охридско-преспанскиот регион


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчерашото големо и интензивно невреме кое беше проследено со силен ветар, дожд и град, предизвика хаос и пустош во охридско-преспанскиот регион.

Туристи кои престојуваат во автокампот Љубаништа, сведочат за превртени приколки и голема материјална штета од синоќешното невреме кое направи проблеми и во автокампот Крани.

Искорнати дрвја, блокирани патишта, неколку села без струја се само дел од последиците од синоќешното невреме.

Силното невреме корнеше гранки и дрвја и речиси уништи шатори и приколки во автокамповите во Ливадиште, Љубаништа и Свети Наум, како и во преспанското крајбрежје. За среќа нема повредени.

Од Центарот за управување со кризи, ЦУК, информираат дека од силното невремето уништен е и автокампот Крани.

„Невреме со силен дожд и ветер го зафати селото Крани и автокампот, како и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени. Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село“, информираат од Центарот за управување со кризи“, соопштија од ЦУК.