Велика Британија ќе мора да ги врати островите Чагос на Маврициус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со пресудата која ја донесе Меѓународниот суд на правдата, Велика Британија е обврзана да ги врати островите Чагос во Индискиот океан на Маврициус.

Од судот додаваат дека Велика Британија неправедно го протерала населението од островите во 70-тите години од минатиот век за да овозможи изградба на американска воздухопловна база на островот Диего Гарсија.

Велика Британија го одвои архипелагот од колонијалната островска територија на Маврициус во 1965 година, три години пред да му даде независност на Маврициус, без тие острови.