Видео: Автомобил вози со 100 /час додека возачот спие


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На социјалните мрежи се појави снимка на која може да се види како возач на Тесла, заедно со совозачот, цврсто спијат додека автомобилот вози со брзина од околу 100 километри на час.

Иако „Тесла“ има софистициран автоматски систем, производителите на автомобили ги предупредуваат возачите да останат будни и да ги држат рацете на воланот.

„Беше толку чудно. Мислев дека видов некој како спие на воланот, но не бев сигурен, па повторно погледнав. Тогаш видов дека возачот дефинитивно спие. Тие изгледаа како да се дома во нивниот кревет “, рече Дакота Рандал, која ги снимила заспаните возач и совозач во Теслата.

На веб страницата на Тесла стои дека автопилотот е наменет за внимателни возачи кои што ги имаат рацете на воланот и се подготвени да ја превземат контролата над автомобилот во било кое време. Предупредуваат дека автопилотот бара активен надзор од возачот и не значи дека возилото треба само да вози.