Видео: Дончиќ доби шамар од помошникот тренер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лука Дончиќ синоќа одигра уште еден фантастичен натпревар и го предводеше Далас до победа на гостувањето кај Мемфис.

Иако има само 20 години, Словенецот е еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, а синоќа натпреварот го заврши со 24 поени, 14 скокови и осум асистенции.

Дончиќ на мечот имаше и една непријатна ситуација, откако на шега доби шамар од Јамахл Мозли, еден од помошниците на Рик Карлис.

На Словенецот не му беше мило поради тоа, но се воздржа да возврати.