Спорт

Видео: Елмас „наседна“ на шегата за „Ноќта на вештерките“

Фудбалските клубови во последно време на специјален начин ја прославуваат „Ноќта на вештерките“.

Наполи исто така одлучи да се пошегува со со своите ѕвезди и да се обиде да ги исплаши.

Елиф Елмас, Фернандо Љоренте, Џовани Ди Лоренцо и Марио Руи беа избрани да бидат жртви на скриена камера, па нашиот фудбалер буквално се „извади од памет“.

На крајот беше откриено дека човекот кој ги плашел бил нивниот соиграч, Дрис Мертенс.

Advertisements
To Top