Видео: Елмас пристигна на прегледи во Италија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Турскиот великан Фенербахче синоќа на својата официјална страна потврди дека се договориле со Наполи за трансфер на Елиф Елмас.

Македонскиот репрезентативец утрво пристигна во Рим, каде во клиниката „Вила Стјуарт“ треба да ги помине рутинските лекарски прегледи.

Македонскиот „дијамант“ беше поздравен од неколку фанови на Наполи, а попладне и официјално треба да стави потпис на 5-годишен договор.

Потоа ќе му се приклучи на тимот на Анчелоти, кој моментално се наоѓа на летни подготовки во Дамаро.