Видете како ќе изгледа тимот на Реал следната сезона!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид е спремен за големи промени во играчкиот кадар. Новиот тренер Зидан доби задача да изгради нов Реал, а целосна поддршка доби и од претседателот Флорентино Перез. 

После очајната сезона во која останаа без трофеј, Кралевите за летоска најавија големи промени во екипата, а Зидан ќе добие огромни средства за ангажирање големи имиња.

Угледниот француски Л’екип тврди дека Зизу има на располаѓање 500 милиони евра за да направи нов Галактикос, а три големи имиња посебно се поврзуваат со доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“.

Половина милијарда евра ќе бидат потребни за да се исполнат главните желби на Французинот. И тука не се смета бразилскиот стопер Едер Милитао кој од Порто беше купен за 50 милиони евра и бразилското крило Родриго за кого Реал на Сантос минатото лето му плати 45 милиони евра.

Најголема желба на Зидан е Килијан Мбапе од ПСЖ, а во претходните денови се појавуваа разни информации за неговиот тренер. ПСЖ сигурно нема да сака да го продаде, но ако Мбапе самиот изрази желба тогаш во Париз не би имале голем избор. За оваа операција според „Л’Eкип“ на Реал ќе му бидат потребни 250 милиони евра.

И втората мета е Французин – Пол Погба. Иако Французинот се разигра под водство на Солскјер и има договор со Јунајтед во Франција сметаат дека повикот од Зидан нема да го одбие. Тука проблем е лошиот однос на Перез со Мино Раиола која менаџер на Погба. Наводно, Зидан како алтернатива на Погба не би имал ништо против да му биде доведен Кристијан Ериксен. Опција во средниот ред би можел да биде и Адриен Рабио.

На крајот, но и најреално во овој момент изгледа дека Азар ќе се пресели во Мадрид. Веќе долго време се најавува оваа соработк, а Азар неколку пати одбиваше да потпише нов договр. Цената на овој трансфер би изнесувала околу 100 милиони евра.

Резерви: Куртоа, Милитао, Начо, Регулион, Љоренте, Модриќ, Асенсио, Винисиус.

Заминуваат: Варан, Крос, Бејл, Одриазола, Себаљос, Иско, Васкез