Викендов последна шанса за договор меѓу СОНК и образование


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Предупредувачки штрајк во понеделник освен ако министерството и СОНК не најдат заеднички јазик во последен момент. Од синдикатот за образование и наука остануваат на ставот дека доколку од министерството за образование не понудат решение прифатливо за нив учебната година ќе почне со еден ден задоцнување.

Според Неделков, се уште постои шанса за договор и од синдикатот нудат можност за преговори во текот на викендот на кои евентуално би се приближиле ставовите и барањата.

Синдикатот го темели барањето за зголемување од 25 отсто бидејќи сметаат дека тоа им припаѓа поради зголемувањето на минималната плата на национално ниво за истиот тој процент.

Неделков вели дека засега нема притисоци врз членствоото на синдикатот да не излезат на протест, но од СОНК предупредуваат дека доколку во понеделник директорите одлучат да прифатат ученици целата одговорност паѓа врз училиштето а не врз наставничкиот кадар.

Поддршка на штрајкот денес пристигна од партијата Алијансата на Албанците кои побараа одговорност од ДУИ за состојбите во образованието и хармонизирање на платите со оние во регионот.

Според синдикатот просечната плата на наставничкиот и професорскиот кадар во основното образование е 21.600 денари а 22.500 денари во средното образование а кај помошно техничкиот пресонал е 13 илајди денари.

Извор: Телма