Вила Валс – универзален луксуз во швајцарски стил


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Вила Валс е дизајнерско дело на Бјарне Мастенброк и Кристиан Милер, кои се дел од тимовите на архитектонските студија SeARCH и CMA.

Нивниот дизајнерски план и цел биле целосно да интегрираат нова, луксузна вила во природниот пејзажен амбиент без притоа да ја нарушат природата и околината. Токму поради тоа, пристапот до вилата Валс е можен само преку дрвениот влез и низ подземен тунел кој влегува директно во внатрешноста од планината.

Вилата, која е завршена во 2009 година, беше изградена и ентериерно опремена во соработка со голем број холандски дизајнери и компании кои произведуваат холандски дизајниран мебел.

Влезот во вилата е буквално како од приказната „Алиса во земјата на чудата“ – традиционална дрвена влезна врата, скалила кои се спуштаат надолу, низ стаклен ѕид, па малку нагоре низ бетонски тунел, за конечно да се искачите во внатрешниот дел од вилата. Повеќеслојните нивоа, бетонот и камените скалила на вилата ѝ даваат атмосфера како на „таен замок“.