Актуелно

Виц: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Со одлуката која денес ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, се менуваат малопродажните цени на горивата.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, односно за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од пред една недел и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 28.10.2019 година и во следниве седум дека ќе се продава по цена од 61,50 ден/лит.

Advertisements
To Top