Виц: Господ ќе ме спаси


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Трпе и Перо живееле во Струга. Паднале големи дождови, се излил Црн Дрим и почнал да поплавува. Трпе живеел на 3 спрат, а водата стигнала до 2. Доаѓа Перо со чамец пред прозор и му вика на Трпе:

– Трпе, качувај се во чамецов, да се спасуваме.

– Не бе, мене Господ ќе ме спаси.

Се качува водата на 3 спрат, Трпе се качил на 4, а ете го Перо пак доаѓа:

– Ајде бе Трпе, излегувај кога ти викам!

– Не, ти реков мене Господ ќе ме спаси.

Водата се качува до последниот спрат, Трпе се дави и оди кај Господ:

– Добро бе Господ, нели требаше да ме спасиш.

Го отвара тефтерот Господ, проверува, па му вика на Трпе:

– Што се буниш бе, Трпе? Перо двапати го пратив да те спаси!