Виц: Кај соседот Мице трешти турбофолк


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Ало, полиција?
– Да повелете, што е проблемот?
– Ами кај соседот Мице трешти турбофолк, а веќе е 23.30. Утре е работен ден.
– Добро, ќе интервенираме!

По половина час…
– Ало, полиција?
– Да повелете, што е проблемот?
– Ами јас пак за соседот Мице…
– Пренесовме на дежурните, но во моментот нема слободна патрола. Штом ќе се ослободи, веднаш ќе дојдат.

По половина час…
– Ало, полиција?
– Да повелете, што е проблемот?
– Ами јас пак за соседот Мице…
– Ама нели ви кажавме дека нема слободна патрола, ќе дојде кога ќе има!
– Во ред, во ред, не мора да праќате.
– Зошто?
– Ами го испукав, не можев да го трпам повеќе!

По три минути пред зградата се појавуваат 5-6 патролни коли. Одат кај соседот Мице и го гледаат здрав и жив, пијан, трешти турбофолк.
Одат кај соседот и му велат:
– Оти лажеш дека си го испукал?
– А вие оти лажете дека немате слободни коли?