Виц: Како се симнуваат 20 кг за еден ден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дебел човек сакал да ослаби и решил да се јави на еден оглас од весник во кој пишувало:
„Сега секој може да ослаби 5 кг за 1 ден!“
Се јавил тој, се договорил за третман и по кратко време на вратата некој ѕвони. Отвора човекот, а таму една јака женска држи натпис:
„Ако ме фатиш твоја сум!“
Ја бркал нашиот, ја бркал, но никако да ја фати. Кога се откажал, застанал на вагата и гледа, навистина ослабел 5 кг.
Наредниот ден пак се јавил на огласот, но овој пат побарал да ослаби 10 кг. И по кратко време на вратата му дошле 2 јаки женски. Ги бркал, ги бркал, ама никако да ги фати. Ослабел 10 кг. но пак бил незадоволен затоа што не фатил женска, па смислил итар план.
Наредниот ден се јавил и побарал да ослаби 20 кг. Од 4 девојки, белки ќе се погоди некоја побавна и ќе ја фати. Го прашале дали е сигурен дека сака да ослаби 20 кг за 1 ден, а тој самоуверено рекол „Да“.
По кратко време, некој ѕвони на вратата. Отвора човекот и гледа еден мускулест батка со натпис:
„Ако те фатам, мој си!“