Home Мајтап Виц: Македонски политичар ќутук пијан

Виц: Македонски политичар ќутук пијан


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После јадење и пиење, македонски политичар се направил ќутук пијан, па се буди и гледа целиот прекриен со повраќаница. До него стои личниот шофер и го чека да тргнат. Политичарот за да се оправда му вели на шоферот:

– Замисли Аце, сношти бев во еден ресторан со една дама и до неа се приближи еден нападен пијаница и започна да ја малтретира. Се разбира, јас ѝ ја заштитив честа и го удрив, а идиотот исповрати врз мене.

Шоферот му вели:

– Малку сте го тепале господине, требало многу повеќе!

– Зошто повеќе!

– Па не само што исповратил врз вас, туку ви се посрал и во гаќите!