Виц: Оди Мице во кафана


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оди Мице во кафана и му вика на келнерот:

– Келнер дај ми 3 пива.
Овој му дава. Другиот ден оди пак и истото се случува.
И така секој ден со ред. По 10 дена келнеров му вика:
– Зошто секогаш нарачуваш по 3 пива?
Овој му вика:
– Па јас имам двајца браќа што се по странство и сме договорени секој ден да пиеме по три пива во исто време.
По 20 дена влегува во кафаната и порачува 2 пива. Келнеров зачуден му вика:
– Што е работава, да не ти умрел некој од браќата, не дај Боже, па што порачуваш денес две пива?
– Не бре скраја да е, од денес решив да прекинам со пиењето.