Виц: Трпе се враќа од кај љубовницата


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Трпе бил кај љубовницата и се вратил дома доцна во ноќта. Жена му го пречекала со
прашање:
– Каде беше до сега?!
– Пааа…
– Случајно состанокот на работа да не ти траеше многу долго?!
– Да, да, на состанок…
– А зошто мирисаш на женски парфем?!
– Пааа…
– До тебе на состанокот да не седеше некоја жена?!
– Да! Секако, до мене седеше најстарата колешка.
– А зошто имаш женска влакна на сакото и кармин на кошулата?!
– Пааа…
– Сигурно во преполниот автобус некоја жена без да сака те извалкала?!
– Да! Така беше…
– Добро, ајде да си легнеме!
Мажот се соблекува:
– Еј, чекај! Зошто носиш женски гаќи?!
– Па, жено, ти си паметната во случајов, измисли нешто.