Во големата трагедија во Лестер животот го загубила и поранешна мис на Тајланд (ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Незапаметена трагедија го здрма Лестер во саботата откако се сруши хеликоптерот и загинаа пет лица, помеѓу кои беше и претседателот на клубот.

Лестер потврди дека животот во овој трагичен настан го загубил претседателот Вичај Шривадханапраба, но и уште четири лица.

Денес со соопштението од полицијата беа откриени и нивните идентиети, а една од нив Нурсара Скунами која е поранешна мис на Тајланд. Таа била прогласена за најубава жена во Тајланд во 2005 година, а била дел од семејството на сопственикот на Лестер.

Нурсари беше активна на друштвените мрежи, а често објавуваше и фотографии од натпреварите на англискиот клуб, како и со фудбалерите на „лисиците“.