Во Кочани: „ВМРО“ се преименува во „Маршал Тито“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мнозинството во Советот на Општина Кочани го врати името на една од централните улици, што неколку децении го носеше името на претседателот на некогашната СФРЈ, Јосип Броз – Тито. Советниците од коалицијата на СДСМ го сменија името на улицата во „Маршал Тито“ со поддршка на еден независен советник. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во време кога се гласаше за предлогот, ја напушти седницата на Советот.

Советникот од СДСМ, Благој Ситновски рече дека нема ништо против некоја друга улица во Кочани во перспектива да го добие името ВМРО, но не треба да се заборави човекот од нашата педесетгодишна историја, со чија помош беа поставени темелите на Република Македонија.

Името на улицата „Маршал Тито“ беше сменето во „ВМРО“ во пакет со 18 кочански улици во 2014 година, кога мнозинството во Советот го имаше ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Мета