Во недела сите на Водно на „Прв до врв 2019“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во недела на 19 мај ќе се одржи седмото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот, ПРВ ДО ВРВ 2019 на скопско Водно.

Омилениот настан на скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, тим-билдинг трка за компании, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е предвидена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот
кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.

Оваа година се очекува на учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број на учесници од странство
до сега.

Пријавувањето за учество е се уште отворено преку веб страната www.prvdovrv.mk. Регистрираните учесници ќе можат да ги подигнат своите стартни пакети во петок и сабота на плоштадот Македонија, а оние кои доаѓаат од другите градови и држави истото ќе можат да го сторат и во недела, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв со поддршка на градот Скопје и деловно-општествената заедница.