Вебкафе

Во оваа земја ако ве фатат да возите пијан, под казна ќе работите во мртовечница

Молдавија воведе казнена мерка со која се предвидува казна работење во мртовечница за сите оние кои ќе бидат фатени како во алкохолизирана состојба управуваат со своите возила.

Таа земја вовела нова програма за намалување на алкохолизмот и возењето во алкохолизирана состојба, а возачите кои полицијата ќе ги фати пијани зад волан, ќе мораат да влезат во посебна програма за да не им биде одземена возачката дозвола.

Програмата трае три месеци, а се состои од 12 состаноци за време на кои лицата кои направиле сообраќаен прекршок помагаат во болнички установи при лечење на пациенти повредени од сообраќајни несреќи а предвидена е и работа во мртовечница.

Оваа програма започнала неодамна во мртовечница во главниот град Кишинев, каде учествувале шест мажи осудени за возење под дејство на алкохол, а тие помагале во мртовечницата миејќи ги лешовите и учествувајќи во обдукции.

„Ова искуство ме поттикна веќе никогаш да не седнам пијан зад волан, ова беше добра лекција. Мислам дека мирисот на распаднато човечко месо засекогаш ќе ми остане во ноздрите“, рекол еден од учесниците во програмата.

Advertisements
To Top