Advertisements
Актуелно

Во понеделник нов штрајк на вработените од „Еурокомпозит“

Нема крај на маките и продолжението на неизвесноста за социјалната судбина на 154 вработени кои заминаа како технолошки вишок од прилепски „Еурокомпозит“ на кои уште не им се исполнети ветувањата кои ги добија од Владата.

Тие денес повторно протестираа пред фабриката. Упатија предупредување дека доколку и утре не се договорат со премиерот Заев дека од понеделник повторно ќе протестираат пред Владата.

Само мал дел од овие работници имаат земено по 30 000 денари на име опремнина, а дел од нив само по 5000 ден од најавуваните 100 000 денари. Насобраните работници сметаат дека овие се само низа на предизборни лажни ветувања.

Во изминатиот период Владата посочуваше повеќе начини за надминување на овој горчлив проблем на овие работници од загубарот „Еурокомпозит“ , но до ден денес нема никакво решение.

Advertisements

Најпопуларно

To Top