Војна на Путин против рускиот рап: Руските рапери жестокот распалија против него


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако се забранувани, цензурирани, откажувани им се настапи и притворани се, дел од руските рапер не потклекнуваат на притисоците и бескомпромисно го реметат Путин преку нивните песни.

Рускиот претседател не е соочен само со глобалните проблеми, туку во Русија се соочува со новиот бран на рапери кои имаат огромна популарност кај младите, а во нивните песни го исмеваат и пцујат.

Поради ваквиот тренад, на претседателскиот совет во Кремљ станало збор за смирување, ставање под контрола и канализирање на нивното творештво, како и бунтот и протестите. До сега се предлага се воведат категории за шунд и екстремизам, бидејќи раперите држеле три столба: секс, дрога и протест.

Иако Путин бил против забрани, зашто тоа би довело до уште поголема побарувачка за ваквата музика, сепак полицијата упаѓа на нивнтие концерти и ги исфрла музичарите и публиката.

Хаски беше уапсен

На тапет се најдоа раперите како Хаски, Фејс, Ноиз МЦ, Манеточка, Елџеј, Јегор Крид, Васја Обломов, како и групите Френдзона и Ајс три пик.

На националните телевизии е забранет настап на рапери , но тие се пропагираат преку социјалните мрежи, за кои се најавува дека ќе подлежат под контрола. Раперот Хаски дури добил обвинение за канибализам.