Вознемирувачките фотографии од исчезнатиот кинески фотограф за кои Кина не сака светот да знае


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинескиот фотограф Лу Гуанг со своите контроверзни и компромитирачки фотографии очигледно го предизвика одмаздничкото влијание на кинеските власти разоткривајќи ги со своите фотографски дела мрачните лица на кинеското општество кои владата не сака да допрат до светот, или евентуално разгневил некои други елитни бизнис моќници. Причината за тој сомнеж е неговото исчезнување без трага од почетокот на месец ноември.

Фотографиите на кои тој ја претставува мрачната страна од кинеското општество (енормно загадените кинески градови и области од индустријата со јаглен и другите индустриски загадувачи, цели села чии жители се заразени со ХИВ вирусот, децата со церебрална парализа кои живеат на маргините од кинеското општество и многу други контроверзни сегменти од кинеското секојдневие.

Работник во Вухаи Сити, Монголија. 10 април 2005 година

Сопругата на фотографот, Ксу Ксиаоли, го пријавила неговото исчезнување во областа Ксиџијанг на социјалните мрежи и објавила дека ниту го видела, ниту се слушнала со него од почетокот на минатиот месец.

За Си-ен-ен изјавила дека Лу Гуанг отпатувал во провинцијата Ксинџијанг на 3 ноември и дека оттогаш нема никакви информации за него. Тој имал некои договори со други фотографи во Урумчи, главниот град на провинцијата Ксинџијанг, а потоа на 5 ноември требало да отпатува во провинцијата Сечуан и да се најде со пријатели. Но, тој не се појавил на местото на договорот.

Камион со јаглен вози предизвикувајќи прашина и повредувајќи ги локалните жители
Нафтоводот од Њупорт есплодира и ослободи голема количина на нафта во морето,16 јули 2010 година

11-годишниот Ксу Ли е дијагностициран со рак на коските.

Добитник на бројни награди, како што е германската награда за фотографија „Хенри Нанен“ и стипендии од National Geographic.

Неговата сопруга живее во Њујорк заедно со нивното дете, а Лу, кој е кинески државјанин, често патува во Кина и таму минува многу време.

Дете од индустриска област во Кина
Жена го носи својот болен внук и го моли небото болката да не се врати
ецата со церебрална парализа лижат млеко во прав од кревет за да се хранат

Сопругата ја контактирала полицијата во Ксинџијанг, но не успеала да оствари разговор со висок функционер. Таа не контактирала со американските власти бидејќи, како што кажала, тие не би можеле да помогнат во овој случај.

Пријател на фотографот за Си-ен-ен анонимно изјавил дека не верува оти Гуанг е заробен од страна на кинеските власти. „Ако сакаа да го уапсат, одамна ќе го стореа тоа“, рекол пријателот.

Огромно количество на прашина во фабриките од источниот дел на Кина
Храмот Ласенг има над 200-годишна историја, која вклучува проучување на монголски лекови. Тој бил сериозно загаден од околните фабрики, па малку верници одат таму сега

„Изгубен е веќе над 20 денови. Како негов најблизок член од семејството, немам добиено извештај за неговото апсење. Постојано ѝ ѕвонам на полицијата, но не ме поврзуваат. Следната недела е нашата 20-та годишнина. Треба да ја прославуваме заедно. Само можам да се надевам на неговото безбедно враќање“, изјавила сопругата.

Загадување на морето со индустриски отпад

Жена се грижи за нејзиниот смртно болен сопруг
Ки Гуихула ја држи својата сопруга, која се вратила од Пекинг да го прослави пролетниот фестивал во селото. Таа починала два часа по фотографирањето.
Семејства продаваат речиси сè што е вредно во нивниот дом за ги подмират медицинските трошоци
Мало девојче ги загрева рацете во зима. Нејзиниот татко е заразен со ХИВ и сè уште се грижи за пет деца и неговите постари родители
Девојки се подготвуваат за погребот на својот шестгодишен брат, кој починал од СИДА