Вработените во Клиничкиот центар на протест, најавуваат блокади за утре


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Петпроцентното зголемување на платите е доволно само за плаќање на поскапениот паркинг на Клинички. Здравствените работници од скопските клиники излегоа на протест гневни од одлуката на Град Скопје, наместо 350 да плаќаат 800 денари за паркирање. Сакаме паркинг а не нива, доста во нашиот двор стопанисува друг, беа само дел од пораките на вработените.

-Одлуката да ја повлечат, паркингот не е на Градот, земјиштето е на Република Македонија и бараме да се врати во владение на Клиничкиот Центар а градоначалникот да внимава што зборува, изјави Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на Клинички

Медицинскиот персонал од клиниките се револтирани од изјавата на скопскиот градоначалник кој ги навредил дека се привилегирани и поради нивните возила не можеле пациентите да стигнат на преглед. Му порачаа на Шилегов да внимава што зборува.

– Социјалниот мир во државата го држат здравствените работници. Ова е најголема навреда што сме ја доживеале досега од таткото на Градот. Се надевам нема да има прилика, како што имам сега јас со мој близок, со мојата мајка за да го почуствува хаосот кој владее овде, вели проф. Др. Маргарета Балабанова од Клиника за кожни болести

-Бидејќи сме омаловажени и навредени, да не ги плаќаме и овие 350 денари што се сега, вели Јулија Јовановска, медицинска сестра од Клиника за детски болести

-Сакаат ние да се откажеме од доаѓање со автомобили, ама нема, нема да ги плаќаме и овие пари

Во Клиничкиот центар сообраќајниот хаос е секојдненвие а освен пациентите кои вртат кругови со часови за да најдат паркинг место, со истиот проблем се соочуваат и вработените. Веалт дека само од нивните картички за паркинг, јавното претпријатие годишно собира 110 000 евра не инвестирале ниту денар во подобрување на ин фраструктурата.

-Ништо не е инвестирано и тоа не боли, вели Ивица Апостолов, медицински лаборант

Од Синдикатот на Клинички велат дека со оваа одлука на градските власти чашата е прелеана и нема да се откажат од протестите.

-Доколку не бидат исполнети нивните барања, вработените од скопските клиники утре ќе го блокираат наплатниот пункт за излез од Клинички.

Со утрешната блокада се очекува да настане хаос и дополнителна нервоза за излез од клиничкиот кампус. Но и покрај ваквите најави на медицинските лица, од Град Скопје не се откажуваат од одлуката и велат дека со ова се врши усогласување со цените што ги плаќаат граѓаните за услугите на Градски паркинг а очекуваат и регулирање на сообраќајниот хаос во Клинички.

-Одлуката е веќе донесена и е важечка, вели Ваљон Салиху, портпарол на Град Скопје.

Здравствените власти веќе една година најавуваат посебен влез за брза Помош и катна гаража. Но наместо тоа во кругот на клинички има само дополнителен импровизиран паркинг.

Извор: Сител