Времено укинат прогресивниот данок на доход, Владата го врати стариот модел


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прогресивниот данок на доход беше ставен во мирување од страна на Владата во наредните 36 месеци, односно до 1 јануари 2023 затоа што, како што рече министерката за финансии Нина Ангеловска, не бил постигнат посакуваниот ефект. Ангеловска истакна дека не станува за фактичко укинување, туку за одложување на овој тип на данок, додека не се адаптира соодветна имплементација.

„Имаше бурни реакции кај граѓаните дека се направени без консултации, а компаниите реагираа на непредвидливоста. Имаше предочувања дека ќе има избегнувања на плаќање, со префрлања на фирмир во странски земји, бидејќи знаеме денеска колку е мобилен капиталот. Лично јас сметав дека не се создадени условите, бидејќи треба да внимаваме на тајмингот.. Најпрво треба да бидеме уверени дека тоа е лесно за администрирање и сите да плаќаат данок“, вели Ангеловска.

Анализата на министерката покажала дека прогресивниот данок на личен доход ја намалило ненеднаквоста за само еден отсто, а за 50 проценти изгубени се приходи кои можеле да се соберат поради избегнување така што обврзниците се префрлале во друг систем или ги префрлиле приходите од автоски дела и закупнини на други лица.

„Даночните обврзници не треба да се чувствуваат како казнети, туку треба да имаат доверба за тоа каде се трошат нивните пари и да сакаат да ги плажаат со верба дека придонесуваат за општеството“, истакна министерката.

Според Ангеловска, Владата останува на ставот дека треба да се применува овој данок, но дека во моментов не се исполнети условите за тоа.

„Да сумирам – во следните 36 месеци стапката од 10 проценти ќе се применува на доходот од работа, доход од самостојна дејност, доход од авторски права и доход од продажба на сопствени земјоделски производи, односно оној доход за кој според актуелното решение е утврдена прогресија“, рече Ангеловска.

Бо мирување се става стапката од 15 отсто, односно се враќа старата од 10 отсто на данок од правата за индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал и капитални добивки, осигурување,