Вселенската патријаршија реши да го отвори прашањето за статусот на македонската црква


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вселенскиот патријарх Вартоломеј реши да го отвори прашањето за решавање на конечниот статус на македонската црква, одлука која е донесена врз основа на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и македонската Влада.

Иако во соопштението од Вселенската патријаршија не се соопштуваат детали за разговорот по ова прашање, сепак поставувањето на дневен ред, како што велат аналитичарите, значи ставање во процедура на ова барање, пишува „Нова Македонија“.

Во јануари 2019 година, Вселенскиот патријарх Вартоломеј на украинскиот митрополит Епифаниј му предаде томос (декрет) за автокефалноста на Украинската православна црква која ја доби својата независност од Руската православна црква.

Српската православна црква не ја признава МПЦ-ОА. СПЦ не ја признава и Украинската православна црква, а една од причините е и тоа што ова може да доведе до признавање на православна црква на Црна Гора и на МПЦ. Српскиот патријархот Иринеј изјави дека на почетокот на годинава ја одбил поканата да присуствува на инаугурацијата на поглаваратот на, за Србија, непризнаената украинска црква.

Верските црковни официјални лица и аналитичари сметаат дека ова е почеток на решавањето на многу отворени верски прашања, а украинскиот рецепт може да биде применет и во случајот со МПЦ.