За адвокатот Еленко Миланов во случајот „Диво Насеље“ нема основа за тероризам


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес, во речиси празна сала во Врховниот суд во Скопје, продолжи јавната седница за жалбите на 33-цата осудени во случајот „Диво Насеље“.

Во судница се само двајца обвинети, кои во првостепена постапка добија ослободителни пресуди и еден осуден на 12 години затвор, спроведен од куќен притвор, како и голем број адвокати, јавност и новинари.

Адвокатот Еленко Миланов, рече дека основна грешка во оваа постапка е во обвинителството и правната квалификација тероризам, пренесува Фокус.

„Неспорен факт е дека имаме страшен настан, но исто неспорен факт е дека ниту како тероризам обвинителството не можеше ова да го докаже. Во Диво насеље полицијата појде да врши претрес по дадени наредби. На тој претрес се пружи отпор. Ова не е акт врз неопределени лица и институции кои не преземаат никакви дејствија. Не можеме тоа да го третираме како тероризам. Не еднаш е извршен оружен отпор на полициски сили, но немало тероризам. Сметам дека обвинителството не докажа акт на тероризам, изјави Миланов.

Посочи дека во текот на постапката се извршени голем број суштествени повреди, но сепак веројатноста да се укине пресудата е во промили.