Advertisements
Актуелно

Забраната за продажба на спорната книга од Стојан Андов укината од Апелација

Скопска Апелација ја укина забраната за продажба на книгата на Стојан Андов со што се поништува одлуката на понискиот суд, кој на 21 март годинава донесе одлука за забрана на книгата на Андов поради тужбата на поранешниот министер за внатрешни Љубомир Фрчкоски, пренесува Телма.

Судот изрече времена мерка – забрана за продажба на книгата на Андов, со наслов „До атентатот и по него“ бидејќи во него се имплицирала вмешаност во атентатот на Киро Глигоров на Фрчкоски, поради повреда на личните права на тужителот. Во судот поднесена е тужба за утврдување одговорност за клевета, и надомест на нематеријална штета. Со тужбата, Фрчкоски поднесе предлог за определување на привремена мерка. Судот одлучи привремено да се забрани понатамошна продажба, и располагање со книгата на тужениот.

Самата идеја за забрана на книга од ваков карактер која зборува за важни периоди од историјата на нашата земја е лош потег, рече тогаш авторот Стојан Андов кој најави дека ќе ги искористи сите правни средства за да се укине одлуката.

Потсетуваме, пред околу два месеци, со решение кое го донесе скопскиот Основен суд 2, за книгата „До атентатот и по него“ од бившиот претседател на Собранието, Стојан Андов, се одреди времена забрана за продажба и располагање. Во оваа книга Андов имплицитно сугерира на вмешаност на бившиот министер за внатрешни работи и професор на Правниот факултет, Љубомир Фрчкоски во атентантот на поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, пренесува Фокус.

Advertisements
To Top