Заев и Касами постигнаа договор – продолжува собраниската седница за уставни измени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повикувајќи се на партиски извори, од ТВ 24 пренесуваат дека Зоран Заев и Билал Касами се договорија за двата пратенички гласа на БЕСА.

Неофицијално компромисот ќе биде интервенција со актуелната формулација за државјанството коешто стои во документите на албански јазик во уставниот закон. Според информаците на ТВ 24 наскоро се очекува и заедничко соопштение.

Ова значи дека Талат Џафери набрзо би требало да ја продолжи собраниската седница за уставните измени со цел имплементација на Преспанскиот договор.