Заев и Мицковски преговараа повеќе од седум часа, лидерската средба заврши без договор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повеќе од 7 часа траеше синоќешната средба на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски и нивните тимови за измените во Законот за јавното обвинителство. Пред средбата сите беа оптимисти, но договор нема. Засега нема инфомација дали е закажана уште една средба.

Како што се пишува неофицијално, СДСМ предложиле да се формира обвинителство за висока корупција кое би било наменето за именуваните функционери. Ваквиот предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ бил категорично одбиен.

Новото обвинителство би почнало со работа после парламентарните избори и во него би влегле сите обвинители на СЈО. Тоа ќе значеше дека „Рекет“ останува кај Вилма Русковска.

После средбата на својот Фејсбук профил се огласи Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот “Рекет”, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска. Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во “Рекет” е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева“, напиша Милошоски на својот Фејсбук профил.