Заев остава можност за пролонгирање на предвремените избори заради влез во НАТО


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот премиер Зоран Заев смета дека 12 април треба да се задржи како примарен датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Но, како што потенцираше, треба се остава можност за какви било промени, пред се заради ратификацијата на Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО.

„Треба да се држиме до одлуките, барем до оние кои како политичките чинители ги донесовме со консензус и 12 април треба да го задржиме. Секако, секој пат одговорноста на државата е пред се и над се. Оставаме можност да се случат било какви промени, пред се заради НАТО ратификацијата“, изјави премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање по увидот во отпочнувањето на градежните работи на патот од село Бутел до село Љуботен.

Премиерот посочи дека како држава нема да дозволиме да немаме парламент токму кога ние треба да го ратификуваме Протоколот со НАТО.

–Сите 29 земји членки го ратификувале Протоколот и кога ќе дојде до Република Северна Македонија да го ратификува не смееме да дозволиме да немаме парламент, истакна премиерот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека ќе го распушти законодавниот дом на 11 февруари, односно 60 дена пред одржувањето на парламентарните избори закажани за 12 април.

Според Џафери, не постои можност да се свика Собранието доколку има потреба да се ратификува Протоколот за членство во НАТО. За тоа, како што изјави Џафери на средбата со новинарите, ќе треба да се чека на новиот собраниски состав.