Advertisements
Актуелно

Заев за германски медиуми: Груевски од Македонија избегал скриен во багажник од кола

Македонскиот премиер Зоран Заев, во рамки на интервјуто кое го даде за германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ откри нови детали во врска со начинот на кој бившиот премиер Никола Груевски го извршил бегството од Македонија, за да стигне до Унгарија каде доби азил, откако беше осуден на две години затвор за фамозниот Мерцедес.

„Сега знаеме како. Груевски со лифт се симнал во подрумот на зградата, а таму се сокрил во багажникот на автомобилот кој го однел надвор од државата. Во Албанија, го чекало унгарско дипломатско возило“ вели Заев.

По преспиена ноќ во унгарската амбасада во Тирана, Груевски со унгарско дипломатско возило, преку Црна Гора и Србија, на 12 ноември минатата година пристигна во Унгарија, каде што експресно му беше одобрен азил.

На прашањето зошто потрагата по Груевски започнала дури во понеделник, иако уште во изминатиот петок тој требало да се пријави на отслужување на затворската казна Заев истакнува дека такви се правилата за осудениците.

„Во земјата вообичаено е криминалците кои се повикани во петок за отслужување на затворска казна, викендот да го поминат дома. Не можевме тоа да го смениме само за Груевски“, објаснува Заев.

Advertisements

Најпопуларно

To Top