Загуба од 117 милијарди долари – во само еден ден


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Само во минатиот понеделник, најбогатите 500 луѓе на планетата Земја, забележаа вкупна загуба од 117 милијарди долари. Од сите нив, најголема загуба доживеа најбогатиот – Џеф Безос, кој минатиот „црн понеделник“ го чинеше 3,4 милијарди долари.

Зад него со зијан од 3,2 милијарди долари претрпе Бернар Арно, францускиот богаташ кој стои зад марки како Луј Витон и други. Марк Закерберг изгуби 2,8 милијарди долари, додека Бил Гејтс остана без 2 милијарди долари, откако падна вредноста на нивните акции.

Падот на акциите е поврзан со глобалното стравување од ескалација на трговската војна меѓу САД и Кина. До наглата продажба на акциите дојде откако Кина дозволи нејзината валута да падне во однос на доларот, на нивото што го имаше во 2008 година.

Тоа предизвика општ страв од ескалирање на конфликтот, во кој се очекува Кина и понатаму да продолжи да манипулира со курсот на јуанот.

Безос останува најбогат човек на светот, и покрај загубите се проценува дека „тежи“ околу 110 милијарди долари, според Блумберг. Истиот извор наведува дека овие 500 најбогати луѓе во светот контролираат околу 5,4 билиони долари, што е 11 отсто повеќе во однос на минатата година.