Запленети 167 рогови од носорози на црниот пазар вредни неколку милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јужноафриканската Република и нејзините полициски служби и ден денс, после 40 години од стапувањето на сила на забранта за лов на носорози, мака мачат со овие безмилосни и бескрупулозни ловокрадци. Во последната полициска акција, службите уапсија двајца ловокрадци кај кои беа пронајдени 167 рогови од носорози кои на црниот пазар чинат неколку милиони долари.

Полицијата добила дојава за големи количини рогови и ги уапсила двајцата мажи западно од градот Преторија. Запленетите рогови имаат голема вредност , а биле наменети за пазарите во југоисточна Азија , каде правот од овие рогови достигнува астронски цени и се користи како афродизијак.

Еден килограм рогови може да достигне и до 30 000 долари , а еден рог просечно тежи меѓу 3 и 7 килограми.

Иако веќе 40 години е забранет лов на овие животни , властите во Јужноафриканската Република годишно наоѓаат тела и на илјада убиени животни. Во моментво во цела Африка има 25 000 носорози , од кои 20 000 во ЈАР.

Поголемиот број се бели носорози , зашто популацијата на црните носорози е сведена на помалку од 5 000 примероци.