Зошто некои жени привлекуваат „ЛОШИ МОМЦИ“: Еве го конечно одговорот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Постојат некои жени кои секогаш привлекуваат погрешни мажи. Да разјасниме, тие токсични момци се оштетени. Сепак, мора да постои нешто што ги бутка кон вас, зарем не?

Еве неколку можности:

1. Имате ниска самодоверба

Се приметува дека всушност не се сакате, така што чувствуваат дека тие и не ви требаат, пишува Атма.хр.

Лесно е да се стане нечија жртва и да се влезе во тој токсичен круг, ако не се почитувате онака како што треба. Токсичните мажи се плашат од жените со висока самодоверба, бидејќи знаат дека имаат навистина високи стандарди кога е во прашање мажот и затоа се привлекуваат кон несигурните жени.

2. Премногу сте добри

Токсичните мажи ова ќе го искористат. Знаат дека не сте личност која ќе се жали или ќе им покаже што заслужуваат. Премногу сте добри, премногу љубезни и имате премногу разбирање, тоа е вашиот начин на кој му порачувате дека не можете да продолжите да се однесувате како пропалица. И верувајте, ќе продолжи.

3. Премногу се сочувствителни

Луѓето велат дека спротивностите се привлекувааат. Тоа звучи романтично во одредена мера, но во овој случај, тоа е едноставно лошо. Токсичните мажи ќе ја пронајдат совршената „жртва“ во својата сочувствителна девојка, бидејќи трпеливо ќе ги слуша сите негови проблеми. Ако имате емпатична душа, ќе чувствувате жалење кон него и ќе сакате да му помогнете. Повеќето од нив лажат и глумат, само да добијат малку сочувство и ја користат ситуацијата онака како што тие сакаат. Но, на крајот, ја плаќате цената.

4. Познато е дека сте личност која сака да ги „поправи“ другите

Имате романтични слики во главата за тоа како љубовта може да помести планини и да промени се. Верувате дека вашата љубов и помош всушност можат позитивно да влијаат на него и дека на крајот ќе се промени. Но, погодете: тоа никогаш нема да се случи. Оштетените и токсични личности имаат проблеми кои мораат да ги решат со помош на професионалци, а не со помош на нивната девојка.

5. Разочарани сте во љубовта

Можеби некогаш сте биле премногу повредени. Не е лесно да се излечи скршено срце. Токсичните момци ги мирисаат тие работи и привлечени се кон вас само затоа што знаат дека лесно ќе искористат некој чиј поглед на љубовта моментално е искривен. Вие паѓате на нив бидејќи се лукави и знаат дека можат да ве излажат и направат кревки.