Advertisements
Спорт

Ѕвездата на Тотенхем се претвори во „бебиситер“ и на теренот ги забавуваше децата на соиграчите (ВИДЕО)

Сон Хеунг Мин дополнително порасна во очите на навивачите на Тотенхем, но и на љубителите на фудбалот ширум светот после она што го направи во неделата.

Кореецот беше суспендиран за последниот лигашки натпревар против Евертон 2:2, но излезе од тунелот кога натпреварот беше завршен.

Како и што е вообичаено на крајот од сезоната фудбалерите и стручниот штаб на овој натпревар ги доведоа своите семејства. Меѓутоа, изгледа дека Сон беше сам, па на теренот се претвори во „бебиситер“.

Одличниот офанзивец им пријде на Ерик Дајер, Кристијан Ериксен и Ерик Ламела и даде се од себе да ги насмее нивните деца.

Извор: Спортски.мк

Advertisements

Најпопуларно

To Top