„Звуците на културата” по вторпат во општина Ѓорче Петров


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од 20-22 септември во паркот во Ѓорче Петров, по вторпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата”.

Трите денови ќе бидат исполнети со богата културно-уметничка програма, како и низа активности за најмладите, но и за повозрасните граѓани. Настапи на културно-уметнички друштва, хорови, музички точки на училишта, баскер артисти, танцување, проекција на филм, мјузикл, концерти, театар е само дел од она што ќе го збогати културно-забавниот живот во општина Ѓорче Петров.

Во рамки на „Звуците на културата”, ќе настапат и Наум Петрески, Ефто Пупиновски, Нокаут, Дац & Александар Митевски и диџеи. Во тек на настанот ќе биде прикажан и нашиот наградуван филм „Господ постои, името и е Петрунија” на режисерката Теона Стругар Митевска, а во паркот каде што ќе се одржува манифестацијата, ќе бидат поставени и реквизити за забава, детски игри и спорт, забавен парк и базар.